PlatformProgrammePartnersParticipantsSupportGalleryPressContact

 

Participants 2007

Participants 2005

 

Workshop 2: Goran Kostovski

СТИКЕР АРТ работилница, 28/29.04.07 @ Штип

ЦИУ Мултимедиа во соработка со НВО Заедно, Штип

Концепт на работилницата:

- Што е Стикер Арт
- Стикер арт во процесот на рекламирање
- Типови на Стикер Арт (дизајнерски пристап, цртан пристап)
- Цел и делување со Стикер Арт

1 ден, 28.04.2007, Сабота, 14.00-16.00, Вавилон Центар Штип

Запознавање на учесниците со стикер арт презентирање на стикери. Стикер артисти, стикерите како медиум/уметност/дизајн/порака. Со работилницата се адресира Бидејќи темата на работилницата е Мобилноста и Уметникот и што сакаме да постигнеме и претставиме преку таа тема, а посебно како би делувале на истата преку изработените стикери за време на работилницата. После презентацијата и дискусијата следи практична работа, поставување на концептот и начинот на изработка на стикерите.  Исто така ќе се истражува и мотивацијата на учесниците и нивната цел на дејствување со изработените стикери. Оваа комбинација на дискусија и практична работа ќе овозможи едно покомплетно согледување на улогата на стикерот во Урбаната уметност а пред се урбаното живеење.

2 ден. 29. 04.2007, Недела, 10.00-12.00, Вавилон Центар, Штип 

Во текот на овој ден ќе се доработат стикерите кои се обмислени или во изработка од минатиот ден, истите ќе се испечата и ќе се договори локацијата и просторот на движење и лепење на истите. Со самата Урбана акција јавно ќе се пренесе пораката која визуелно ја носи изготвениот стикер и прес се неговиот дизајнер.После урбаната акција можат да се споделат импресиите од самиот настан и моќта на овој креативен процес и нивните идни размислувања во однос на употреба на ова изразно средство во некои идни ситуации.

Стикерите ќе се изработуваат преку техника на цртање или компјутерски во Adobe Photoshop.

Максимален број на учесници: 8-10 учесници
Пријавување на заинтересирани: 070-734-512 или radmilalj@multimedia.org.mk

Реализација на работилницата: Горан Костовски, [ind.o.g]
www.indog.deviantart.com
www.myspace.com/indogcirkus
www.skopjeclubbing.com.mk